Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 26 јули 2026, 13:54 ч.
Трговскиот центар Bliss Mall & Retail Park денес беше преплавен со колорит, позитивна енергија и егзотични звуци, благодарение на традиционалното партнерство со Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Посетителите на трговскиот центар имаа ретка можност одблизу да ја почувствуваат енергијата, боите и темпераментот на Порторико. Фолклорниот ансамбл од оваа карипска земја, со своите впечатливи традиционални носии, автентични ритми и незаменлива насмевка, направи вистински спектакл и приреди празнична атмосфера која ги натера присутните барем за миг да отпатуваат во срцето на Карибите.
„Со ваквите настани уште еднаш се докажува дека културата е најмоќниот мост кој ги поврзува луѓето, без разлика на јазикот или географската далечина. Наша чест и задоволство е што бевме домаќини на ваква светска традиција“, истакнуваат од менаџментот на Bliss Mall.
Од шопинг дестинација, Bliss Mall денес се трансформираше во културна сцена. Организаторите упатија огромна благодарност до сите посетители кои беа дел од ова прекрасно дружење и кои заедно со гостите од Порторико ја споделија магијата на традицијата, музиката и играта.
Фотографии: Bliss Mall & Retail Park
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025