Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 28 јули 2026, 14:31 ч.
Со брза интервенција на прилепските противпожарни екипи спречено е ширењето на огнот кон викенд-куќите и приватните имоти во прилепско. Се работи за пожарот кој на 26 јули избувна во месноста Заград.
Од пожарната велат дека од моментот на пријавувањето на пожарот сите надлежни служби излегле на терен и координирано дејствувале за негово локализирање. Во акцијата се вклучи и локалното население.
Пожарот зафати сува трева и за среќа не нанесе штети.
Екипите интервенира на најкритичните точки на пожарот, меѓу кои и делот што се движеше во насока кон репетиторот и манастирот Трескавец. За среќа Манастирот остана безбеден и не беше директно загрозен од огнот.
Активностите се одвиваа во постојана координација со Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Општинскиот штаб за заштита и спасување.
Според првичните проценки, пожарот најверојатно е последица на човечко невнимание, сметаат противпожарните служби кои упатија апел до сите граѓани за максимална одговорност и внимателно однесување при престој на отворен простор.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025