Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 7 август 2026, 10:13 ч.
Голем пожар избувна на 5 август 2026 година во битолското село Логоварди, општина Новаци, при што целосно е изгорена плевна и големо количество земјоделски производи и опрема.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во СВР Битола истиот ден во 11:30 часот. Пожарот зафатил плевна сопственост на лицето В.Д. од селото Логоварди.
Во огнената стихија причинета е голема материјална штета. Опожарени се 800 бали сено, 600 бали слама, 3.500 килограми пченица, молзачка за млеко и други домаќински и земјоделски предмети.
Интервенирала екипа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, која успеала целосно да го изгасне пожарот и да спречи негово понатамошно ширење.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Битола, по што се очекуваат повеќе детали за причините кои довеле до избувнување на пожарот.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025