Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 13 септември 2026, 12:28 ч.
Противпожарниот тим на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), составен од доброволците на ДПД „Архангел“ – Битола, вчера повторно беше активиран и излезе на терен за справување со пожар во реонот на селото Сливица, Општина Новаци.
Интервенцијата се реализираше со брза реакција и координација на терен. Во спречувањето на понатамошното ширење на огнот и заштитата на околината, рамо до рамо дејствуваа доброволците од ДПД „Архангел“, професионалните екипи на ТППЕ Битола, Противпожарната служба на РЕК Битола и тимот на ЈКП „Комунално“ – Новаци.
Благодарение на заедничкото дејствување, високото ниво на доверба и меѓусебната соработка меѓу професионалните и доброволните пожарникари, стихијата беше успешно локализирана, со што уште еднаш се потврди важноста на добро организираниот одговор при вакви кризи на терен, велат од ДПД „Архангел“ – Битола.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025