Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 13 август 2026, 14:08 ч.
Вкупно 13 пожари на отворен простор низ државата се регистрирани денеска до 13 часот. Од нив, девет се сè уште активни, два се под контрола, а останатите два се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Ниска вегетација гори во општините Велес, Прилеп, Струга, Новаци, Македонски Брод, Могила.
Ниска вегетација и багреми горат во регионот на село Муждивњак, општина Крива Паланка.
Ниска вегетација и викендица се опожарени на магистрален пат Прилеп - Битола.
Пожарите на градската депонија во општина Делчево и во регионот на кичевското село Манастирско Доленци, каде опожарена е нискостеблеста деградирана шума, се под контрола.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Босилово и Јегуновце. Во село Старо Балдовци гореле ниска вегетација и шамак, додека на подрачјето на село Копанце - шума, ниска вегетација.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025