Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 август 2026, 21:54 ч.
Пожарот кој избувна во атарот на селото Подмочани и се прошири кон пониските делови на Националниот парк „Пелистер“ од преспанската страна е успешно локализиран благодарение на брзата и координирана интервенција на повеќе служби и доброволци, информираше вечерва градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски.
Во акцијата за справување со огнената стихија беа вклучени екипите на ТППЕ Ресен и ТППЕ Битола, НП „Пелистер“, ЈКП „Пролетер“, Ренџерската служба на Општина Ресен, ЈП „Национални шуми“, Дирекцијата за заштита и спасување, како и бројни доброволни противпожарни друштва, јавни претпријатија и приватни субјекти.
Екипите останаа на терен во текот на целата ноќ, додека во текот на денот беше активирана и поддршка од воздух со еден хеликоптер на МВР и два авиони „Ер Трактор“.
„Состојбата во моментов е стабилна, но поради големината на зафатената површина и временските услови, опасноста од повторно ширење на пожарот сè уште постои“, истакна градоначалникот Тозиевски.
Тој изрази јавна благодарност до сите пожарникари, спасувачи, припадници на службите, приватни компании и граѓани кои несебично помогнаа во совладувањето на пожарот. Градоначалникот истовремено упати апел до сите граѓани на максимална внимателност и одговорно однесување при престојот во шумските предели во овој период на висок ризик од пожари.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025