Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 август 2026, 22:48 ч.
Следи уште една пеколна и долга ноќ за сите нас кои остануваме на терен, соопшти предмалку директорот на Националниот парк Пелистер Иванчо Тошевски кој е дел од екипата која веќе втор ден е на терен во битката со огнената стихија на Пелистер.
„Главното дејство на силите во текот на ноќта ќе биди насочено по должина на границата помеѓу Национални шуми и Национален парк Пелистер во правец север - југ на надморска висина помеѓу 1050 - 1150 метри над т.н. битолски пат кој ги поврзува Превалец Ѓавато со с.Подмочани. Целта е да се искористат пониските температури во текот на ноќта и конечно да се сузбие најкритичниот фронт од пожарот.“-рече Тошевски.
Во моментов се работи на самиот фронт на огнот од непосредна близина.
„Во еден момент ја имате целосната контрола, но со првата промена на временските услови работите се менуваат во истиот момент. Екипите на НП Пелистер делуваат со поддршка на ДПД Архангел, ППЕ на РЕК Битола и ТППЕ Ресен. Најважно е високото ниво на мотивираност на единиците и покрај тоа што поединци се без спиење од скоро 48 часа.“-рече тој.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025