Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 27 септември 2026, 17:35 ч.
Во присуство на голем број верници од Општина Новаци и соседните населени места, денеска свечено и достоинствено беше одбележан празникот Крстовден пред светиот крст кај манастирот „Св. Ѓорѓи“ во селото Паралово.
На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, кој заедно со присутните граѓани се приклучи кон зачувувањето на духовната сила и вековната народна традиција.
„На Крстовден, пред светиот крст кај манастирот Св. Ѓорѓи во Паралово, со вера, гордост и благодарност ја чуваме нашата духовна сила и вековна традиција. Нека крстот ни биде патеказ за заедница, мир и просперитет“, истакна градоначалникот Стевановски.
Верниците преку молитва и заедничко дружење уште еднаш ја потврдија важноста на негувањето на верските обичаи и културното наследство во овој крај.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025