Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Преспанското езеро со крик за спас, загадувањето уште еден горлив проблем

Објавено: 6 ноември 2025, 12:27 ч.

Преспанското езеро со крик за спас, загадувањето уште еден горлив проблем

Преспанското Езеро со последни сили се бори за живот. Освен губитокот на вода кој од година во година е се поголем, овој природен басен се соочува со се поголемо загадување од прекумерната употреба на пестициди врз овоштарниците во Преспа.

Според анализите на Министерството за животна средина овоштарите употребуваат фунгициди, инсектициди и хербициди или околу 65 тони пестициди годишно. Во повеќе наврати во езерото завршуваа и непродадените јаболка, што земјоделците не успеваа да ги продадат, како и амбалажите од вештачките ѓубрива.

Панде Савески е овоштар 20 години и вели дека се повеќе се користат хемикалии врз овошките, а свеста за последиците кај овоштарите е мн мала.

Овие количини на хемикалии што годишно се користат во регионот стигнуваат до водата при што под закана се речиси 2.000 ретки и ендемски видови риби, птици и цицачи. Загадувањето на езерото доведува до цветање на алгите, намалување на кислородот во водата што доведува до создавање мртви зони. Истовремено се активира процес на еутрофикација или создавање штетни алги.

Хемикалиите истовремено влијаат и на размножувањето на живиот свет. Од секторот за животна средина од Ресен велат дека најновите анализи укажуваат на тоа дека е зголемено органското и нутриентно оптоварување во водата од истражните локалитети, односно има континурано внесување на нутриенти во езерскиот екосистем пред се преку површинските дотоци – реките и дренажните води од околните земјоделски површини. Посебно алармантна состојба со органско и нутриентно оптоварување е забележана во литоралот Претор во близина на успорната градба – браната на Голема Река, која претставува и најголем потенцијален загадувач во литоралната зона, односно Преспанското Езеро во целина.

Добиените резултати укажуваат на силно антропогено влијание (отпадна вода, земјоделски активности, неодржливо управување со водата и неправилно користење на современи агротехнички методи за заштита на овошните насади и земјоделските култури со употреба на пестициди и вештачки ѓубрива).- велат од Секторот за животна средина Ресен.

И екологистите изразуваат загриженост за загадувањето на регионот. Но градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски кој и самиот е овоштар смета дека пестицидите кои се употребуваат не се опасни за езерото.

Освен пестицидите потенцијални загадувачи на езерото се и реките кои се влеваат во него отпадните води од домаќинствата, индустриското загадување и многуте депонии со нелегално отстранет отпад.

Активистите бараат преминување кон органско земјоделство и инвестирање во одржлив туризам како и обука на преспанските овоштари како со употреба на помалку хемикалии да добијат успешен род.

Крикот за спас на Преспанското езеро е гласен и сериозен и што поскоро треба да допре до слухот на надлежните институции,властите и државата за да се спречи опустошување на уште едно национално природно богатство.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми