Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 22 август 2026, 14:03 ч.
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчераншниот ден се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола при што биле пронајдени дрога, оружје и муниција, а од слобода биле лишени пет лица.
– Вчера во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од село Долно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана. Истиот дене во истоти време во село Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) одистото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево биле пронајдени куршуми – информират од МВР.
Според Министерството, вчера во 10:35 часот во селото Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода П.Т.(55) од Ресен. При претреси во неговиот дом во Ресен и во село Евла, извршени со судска наредба, биле пронајдени 28 куршуми, испукани чаури и ловечка пушка.
Во село Светомитрани, крушевско, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Крушево, пак, на истиот ден извршиле претрес во домот на К.Т.(38) од ова село, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, ловечки патрони, пиштол и две рамки за пиштол.
Полициски службеници од ОВР Крушево, со судска наредба извршија претрес во домот на ВН.(48) од Крушево, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025