Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 11 август 2026, 12:30 ч.
Прилеп викендов ќе биде домаќин на ново културно случување кое го обединува фолклорот, сатирата, народната мудрост и препознатливиот прилепски дух. На 14 и 15 август ќе се одржи првото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Итар Пејо“, во организација на КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп.
Иницијативата инспирирана од најпознатиот македонски шегобиец има за цел да негува и претставува традиционалната музика и игри, овозможувајќи културна размена меѓу учесниците. Манифестацијата се одржува под покровителство на Општина Прилеп и НУЦК „Марко Цепенков“, со поддршка од повеќе локални компании.
Официјална програма за фестивалот
14 август (петок) – Почеток во 19:00 часот (пред споменикот на Итар Пејо):
Прошетка низ Прилеп и детска работилница на Могилата на непобедените
Свечено дефиле на сите учесници
Прв фестивалски настап на платото кај споменикот на Итар Пејо
15 август (сабота) – Почеток во 19:00 часот (во НУЦК „Марко Цепенков“):
Креативна работилница
Главна фестивалска вечер
Забава на летната сцена при НУЦК „Марко Цепенков“
Влезниците за втората фестивалска вечер се продаваат по цена од 100 денари и можат да се набават секој работен ден од 10:00 до 12:00 часот на билетарата во Центарот за култура „Марко Цепенков“.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025