Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 13 октомври 2026, 17:20 ч.
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ од Прилеп доби вредна донација од 8 нови, современи инфузиони пумпи, наменети за опремување на Одделението за детски болести, Одделението за анестезиологија и Одделението за гинекологија со акушерство.
Со оваа нова медицинска опрема значително ќе се унапреди квалитетот на здравствените услуги, овозможувајќи побезбедна, попрецизна и поефикасна грижа за најмладите и најранливите категории пациенти.
Соработка со хуманитарната организација „Project HOPE“
Донацијата е обезбедена преку хуманитарната организација „Project HOPE“, како резултат на заложбите и ангажманот на директорот на болницата, д-р Кире Јоноски
и д-р Габриела Тавчиоска.
Покрај испораката на опремата, стручниот тим на „Project HOPE“ спроведе и сеопфатна обука за медицинскиот персонал со цел правилно, ефикасно и безбедно ракување со новите инфузиони пумпи.
„Секоја донација е чекор напред кон подобра здравствена заштита, а секоја инвестиција во медицинската опрема е инвестиција во здравјето и иднината на нашите пациенти“, истакнуваат од раководството на болницата, изразувајќи искрена благодарност до организацијата „Project HOPE“ за нивната хуманост и континуирана поддршка на македонското здравство.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025