Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 26 октомври 2026, 21:44 ч.
Во атмосфера исполнета со емоции, поддршка и заедништво, во Битола се одржа посебен настан посветен на подигање на свеста за мултиплекс склерозата. Социјално-културниот настан обедини три значајни поводи: промоцијата на книгата „Моќта на невидливите херои“, уметничката изложба „Боите на невидливото“ и одбележувањето на роденденот на здружението „Гласно за МС“.
Книгата „Моќта на невидливите херои“, чиј автор е Сања Поповска, носи 17 интимни и инспиративни приказни за хероини кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на мултиплекс склерозата. Преку овие сведоштва за болката, надежта и истрајноста, авторката ја истакнува исклучителната внатрешна сила на жената да не се предава и да чекори напред и во најтешките моменти.
Авторката сподели и емотивен момент од промоцијата во чест на Билјана Јовановска, посочувајќи дека за неа во книгата има посебно место и посебна приказна. Билјана Јовановска, ЖЕНА, МАЈКА, КРАЛИЦА, БОРЕЦ - Во книгата "Моќта на невидливите херои" вечно ќе живееш - порача Поповска.
Настанот беше дополнет и со волшебната изложба „Боите на невидливото“ од уметницата Ана Сиљаноска, чии слики преку бои и емотивен ликовен израз ги пренесоа невидливите внатрешни борби и чувства на луѓето кои живеат со оваа состојба.
Здружението „Гласно за МС“ со овој настан уште еднаш ја потврди својата мисија — да биде глас што не молчи и платформа каде што невидливите борби стануваат видливи.
Организаторите упатија искрена благодарност до сите присутни, поддржувачи и пријатели кои беа дел од овој незаборавен ден исполнет со љубов, емпатија и порака дека во оваа борба никој не е сам.
А.Ш.
26 октомври 2026
26 октомври 2026
26 октомври 2026
26 октомври 2026
26 октомври 2026
26 октомври 2026
26 октомври 2026
25 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025