Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 31 март 2026, 16:51 ч.
Младите од Пелагонискиот регион се обединија во силна кампања за подигнување на еколошката свест, испраќајки јасна порака дека заштитата на животната средина е нивен главен приоритет. Во рамките на овие активности, кон крајот на март беа одржани две еколошки работилници на кои пред повеќе од 60 млади луѓе официјално беше промовирана новата веб-платформа www.ecoalarm.mk изработена во рамките на проектот “Еко аларм“ кој го имплементира граѓанската организација Граѓански Патеки Битола.
Посебен придонес во оваа иницијатива дадоа учениците од средното училиште „Таки Даскало“ од Битола, кои масовно се приклучија на еко-предизвикот што се залага за чиста и здрава животна средина. Преку интерактивните работилници, средношколците имаа можност да се запознаат со алатките кои ги нуди платформата ecoalarm.mk, која ја програмираше проф.др Зоран Котевски. Преку проектот младите имаат можност да учат како нивниот глас и конкретни акции можат да придонесат кон градење на поотпорна, поинклузивна и одржлива иднина.
„Инспирирај ја промената кон одржливост! Кревањето на еколошката свест кај младите е една од главните цели на проектот Еко аларм. Чистата животна средина е одговорност на сите нас“, порачуваат организаторите од „Граѓански Патеки“, кои изразија огромна благодарност до битолските средношколци за нивната енергија и посветеност.
Проектот „Еко аларм“ се реализира со значајна меѓународна поддршка. Организаторите упатија јавна благодарност до Фондот за зајакнување на младите (Youth Empowerment Fund), Глобалната мобилизација на млади (Global Youth Mobilization - GYM) и Европската Унија (ЕУ).
Со оваа промоција, Битола и Пелагонискиот регион покажаа дека имаат млада генерација која е подготвена да биде движечка сила за позитивни еколошки промени во Северна Македонија.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025