Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 27 септември 2026, 17:27 ч.
Во Општина Новаци по седми пат се одржа традиционалната промоција на новите и постоечките сорти на хибридна пченка и сончоглед. Настанот беше организиран од Пољопривредниот институт Осијек од Хрватска, чиј овластен застапник за Македонија е компанијата „Семенарство Промет“.
На презентацијата присуствуваа голем број земјоделци од Пелагонискиот регион, кои веќе со години го користат овој семенски материјал и од прва рака го потврдуваат квалитетот и високите приноси.
Покрај официјалната презентација, градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, оствари работна средба во својот кабинет со претставниците на хрватскиот институт, професори од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и локални земјоделци.
На средбата се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат земјоделците во Пелагонија, примената на нови технологии и современи практики во аграрот, како и за стратегиите за зголемување на конкурентноста на македонските производи на домашниот и европскиот пазар.
„Современото земјоделство бара знаење, квалитетен семенски материјал, нови технологии и постојано следење на светските трендови. Како општина, ќе продолжиме да го поддржуваме земјоделскиот сектор и да создаваме услови за нашите земјоделци да бидат поконкурентни, поуспешни и подготвени за идните предизвици“, истакна градоначалникот Стевановски.
Општина Новаци уште еднаш ја потврди својата посветеност кон развојот на земјоделството како еден од клучните столбови на локалната економија, вели градоначалникот.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025