Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

МАСОВНА ПРОСЛАВА ВО СКОЧИВИР: Верниците со заедничка молитва го чествуваа празникот Св. Архангел Гаврил

Објавено: 26 јули 2026, 10:48 ч.

МАСОВНА ПРОСЛАВА ВО СКОЧИВИР: Верниците со заедничка молитва го чествуваа празникот Св. Архангел Гаврил

Голем број верници од Општина Новаци, но и од целиот регион, синоќа масовно го одбележаа големиот христијански празник посветен на Светиот Архангел Гаврил. Традиционално, духовното светилиште и манастирскиот комплекс „Св. Архангел Гаврил“ во селото Скочивир беше главното место каде што граѓаните се собраа на заедничка молитва, барајќи духовен мир, здравје и благосостојба.

По повод чествувањето на овој голем ден, градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски ја истакна важноста на зачувувањето на традицијата и духовните вредности.

„Денес го одбележуваме празникот Св. Архангел Гаврил – Божјиот гласник и симбол на добрата вест, надежта и верата. По тој повод, многу верници и годинава се упатија кон манастирот „Св. Архангел Гаврил“ во Скочивир, каде што традиционално се собираат на заедничка молитва, духовен мир и чествување на празникот. Нека овој свет ден ни донесе здравје, љубов, благослов и спокој во секој дом. За многу години празникот!“ – истакна градоначалникот Стевановски.

Манастирот во Скочивир и оваа година се покажа како силен духовен центар кој ги обединува луѓето во знак на заедништво и меѓусебна почит. Верниците имаа можност да запалат свеќа за здравје, да присуствуваат на празничните богослужби и да поминат пријатни моменти во преубавиот манастирски амбиент.

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми