Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 19 август 2026, 12:18 ч.
Во ЈУ Национален парк „Пелистер“ се одржа првата работилница за генетски мониторинг на кафеавата мечка, како значаен чекор кон добивање попрецизни податоци за нејзината бројност и распространетост во Македонија.
Вработените во Националниот парк „Пелистер“ се запознаа со неинвазивниот метод на мониторинг преку собирање примероци од измет, при што обуката опфати правилно собирање, обележување, чување и евидентирање на примероците. За спроведување на мониторингот беа обезбедени и специјализирани прибори за теренска работа.
Генетскиот запис е единствен за секоја мечка. Анализата на собраните примероци ќе овозможи идентификација на поединечни единки и добивање попрецизни информации за бројноста, распространетоста и генетската разновидност на популацијата на кафеавата мечка.
Овие податоци се од особено значење за планирање на идните мерки за заштита и за одржливо управување со популацијата на кафеавата мечка.
Вработените во Националниот парк „Пелистер“, кои секојдневно се присутни на терен, ќе дадат значаен придонес во собирањето податоци и спроведувањето на мониторингот.
Активноста се реализира во рамките на проектот LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), кофинансиран преку програмата LIFE на Европската Унија, во соработка со Македонското еколошко друштво и Министерството за животна средина и просторно планирање.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025