Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 21 јуни 2026, 18:20 ч.
Откако нивото на езерото значително се подигна, кај локалното население и туристичките работници се врати надежта дека Преспа повторно ќе биде главна летна дестинација.
Викендов што е зад нас ги донесе првите групи капачи и посетители на преспанските плажи. Сончевото време и високите температури поттикнаа граѓани од сите краишта на земјава, но и странски туристи, да го поминат слободниот викенд покрај брегот на Преспанското Езеро.
Сликите од плажите во Сливница, Претор, Крани и Стење викендов потсетија на „златните времиња“ на Преспа. Оваа раздвиженост е вистинско освежување по долгиот период на неизвесност и еколошки предизвици со кои се соочуваше овој регион.
Растот на нивото на водата донесе нов оптимизам
Клучниот момент кој ја промени атмосферата и ја врати вербата во Преспа е очигледното подигнувањето на нивото на езерската вода. По долг период на драматично повлекување, најновите хидролошки состојби покажуваат позитивен тренд кој веднаш се одрази на терен.
„Откако забележавме дека нивото на езерото се подигна, кај сите нас се роди нова надеж. Преспа конечно го враќа својот стаp сјај. Водата е чиста, брегот е среден, а враќањето на плажите е најубавиот доказ дека езерото повторно живее“, вели долгогодишен угостител од Преспа.
Подготвени за успешна летна сезона
Приватните сопственици на вили и угостителски објекти веќе ги финализираат подготовките за претстојниот шпиц на сезоната. Покрај уредените плажи, посетителите и ова лето ќе можат да уживаат во традиционалната преспанска кујна, прошетките со чамец и недопрената природа на Националниот парк Галичица.
Со ваков старт на сезоната, Преспа испраќа силна порака: таа не е само минато и носталгија, туку жива, атрактивна дестинација која е подготвена да понуди незаборавно лето за сите кои ќе одлучат да ја посетат.
Фотографии, Претор: Тони Степановски
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025