Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 27 септември 2026, 04:29 ч.
Културно-образовниот настан „За викенд кај Конески“ на едно место ги обедини литературата, зачувувањето на културното наследство и современите методи на интерактивно учење.
Во рамките на настанот беше промовирано делото „Дидактичка прошетка низ Небрегово со творештвото на Конески“ од авторите Паре Зареска и Александар Еленин, кое нуди нов и креативен пристап кон изучувањето на ликот и делото на Блаже Конески.
Втората активност опфати практична примена на содржините од публикацијата преку работилницата „Живо културно наследство“, во која активно учествуваа учениците од прва година од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, како и работилницата на тема „Демистификација на литературното творештво“.
Преку овој настан, средношколците од СОУ „Ѓорче Петров“ имаа можност одблиску да се запознаат со културното наследство во родниот крај на Конески и преку практичен и интерактивен пристап да ја продлабочат својата љубов кон пишаниот збор и македонската литература.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025