Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 16 септември 2026, 13:41 ч.
Учениците од основното општинско училиште „Мите Богоевски“ од селото Јанковец учествуваа на практична работилница на која изработуваа ракотворби од природни растителни материјали, користејќи едноставни техники на плетење и обликување.
Преку директна практична работа, децата имаа можност да научат дека материјалите од природата не мора да завршат како отпад, туку со малку имагинација и креативност можат да добијат нова форма, намена и вредност. Настанот беше конципиран да им овозможи на најмладите на забавен и интерактивен начин да ги усвојат основните концепти за биоразградливоста, повторната употреба и поодговорното користење на природните ресурси.
Оваа едукативна активност е дел од кампањата „Преспа во круг: Компостирај. Трансформирај!“, чија главна цел е подигање на свеста за поодржливо управување со биоразградливиот отпад во преспанскиот регион.
Иницијативата се реализира во рамки на програмата „EU for Prespa“, финансирана од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, а спроведена од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025