Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 4 септември 2026, 12:37 ч.
По брзата реакција и апелите на жителите, дивата депонија што се создаде по отстранувањето на нелегалните гаражи во центарот на Битола е целосно расчистена. Комуналните служби излегоа на терен и го отстранија натрупаниот отпад, со што на локацијата повторно ѝ е вратена нормалната хигиена.
Само неколку дена по поплаките на битолчани за непријатната миризба и расфрланиот смет зад нивните згради, теренот е целосно среден. Граѓаните го поздравија брзиот одговор на надлежните општински претпријатија, но истовремено апелираат на поголема совесност од страна на сите соседи за да не се повтори слична слика.
По расчистувањето на просторот, локалните жители очекуваат што поскоро да се изврши урбанистичко уредување, со што оваа локација во центарот на градот трајно ќе добие нов, уреден и функционален изглед, а лошите слики од пред некој ден да не се потворуваат.
Еве како изгледаше депонијата пред нејзиното расчитување.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025