Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 11 септември 2026, 09:06 ч.
Зоолошката градина во Битола започна нов обемна проект за развој и реструктуирање, чија цел е значително подобрување на условите за престој на животните, како и подобрување на целокупното искуство на посетителите.
Во текот на изминатите денови на терен интензивно се одвиваат градежни активности. Проектот опфаќа реконструкција и проширување на постојните живеалишта со цел нивно усогласување со современите меѓународни стандарди за хуман третман и благосостојба на животните.
Покрај подобрувањето на условите за животинскиот свет, планирани се и бројни инфраструктурни измени за подобрување на престојот на посетителите. Проширувањето на живеалиштата е предвидено преку изградба на нови и модернизација на постојните загради, со повеќе простор и природни елементи за животните.
Се планираат и нови патеки и подобрена пристапност, односно изградба на нови пешачки патеки и уредување на пристапните зони за полесно движење на сите генерации, вклучително и семејства со мали деца и лица со инвалидитет.
Дел од проектот е и хоортикултурното уредување, што вклучува озеленување на просторот и одржување на рекреативните зони.
Од раководството на Зоолошката градина истакнуваат дека овие инвестиции се дел од долгорочната стратегија за трансформација на градината во современ едукативен и рекреативен центар.
Посетителите се замолуваат за трпение и разбирање за време на траењето на градежните активности, со оглед на тоа што одделни зони повремено ќе бидат делумно ограничени за пристап, порачаа од битолската золошка градина.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025