Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 22 септември 2026, 22:46 ч.
Извршена е целосна санација и уредување на патната делница која води до селото Будимирци и манастирот Свети Димитрија, со што значајно се подобруваат условите за движење во овој дел од Мариово, информираше градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.
Со градежните активности и теренското уредување се обезбеди подобар, посигурен и побезбеден пристап за локалното население, но и за сите посетители и верници кои редовно го посетуваат овој познат мариовски крај и неговите културно-верски обележја.
„Патот до Мариовското село Будимирци е оспособен. Извршивме санација и уредување на патот кој води до селото Будимирци и манастирот Св. Димитрија, со што обезбедивме подобар и побезбеден пристап за жителите и посетителите на ова наше Мариовско село“, истакна градоначалникот Стевановски.
Т.С.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025