Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 13 септември 2026, 12:33 ч.
Општинската организација на СДСМ Битола ги известува своите членови, симпатизери и сите сограѓани дека од утре, понеделник (14 септември), партиските простории ќе бидат отворени за сите заинтересирани секој работен ден во периодот од 19:00 до 21:00 часот.
Како што информираат од партијата, граѓаните во овој термин ќе имаат можност остварат директни средби и разговор со членовите на раководството и советниците во Општина Битола, како и да споделат свои мислења, предлози, совети и сугестии.
Покрај отворените средби, СДСМ Битола упатува и отворен повик до сите кои сакаат активно да се вклучат во работата на партијата и да дадат свој придонес во креирањето на идните политики, со можност за нивно приклучување во партиските комисии.
Од СДСМ Битола порачуваат дека нивните врати остануваат отворени за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од процесот на одлучување и да придонесат за локалната заедница.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025