Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 21 јули 2026, 10:48 ч.
НОВИ АКТИВНОСТИ НА ПЕЛИСТЕР: Се гради нов објект кај црквата „Св. Спас“ на 1.886 метри надморска височина
Изминатиот викенд, со зголемен интензитет и голема доброволна поддршка, се одвиваа работните активности за изградба на нов објект сместен непосредно до црквата „Св. Спас“ над селото Маловишта, на 1.886 метри надморска височина.
Иако теренот е непристапен и бара специфични услови за работа, акцијата започна со логистички предизвик. Потребните материјали и алати за градење првично беа транспортирани со помош на коњи, по што следуваше едночасовно пешачење на учесниците за да се започне со планираните градежни активности.
Во текот на викендот успешно беше подигната дрвената рам-конструкција, а за нивелирање на подот на објектот беше искористен автентичниот камен од непосредната околина.
Од Националниот парк „Пелистер“ упатија јавна благодарност до сите граѓани, физички и правни лица кои доброволно се вклучија во оваа идеа.
„За нашиот дом, за нашата Битола и нашиот Пелистер одговорни сме сите ние. Да не заборавиме дека Пелистер е нашиот симбол на обединување,“ порачуваат од паркот, истакнувајќи дека ваквите дела реално ја покажале љубовта кон Битола и планината.
Проектот се реализира со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и фондацијата Prespa Ohrid Nature Trust (PONT). Од Националниот парк најавуваат дека градежните и теренските активности продолжуваат и во текот на претстојните викенди.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025