Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 5 август 2026, 20:39 ч.
Опожарената фасада на Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола влезе во фаза на целосна обнова по вандалскиот инцидент што се случи пролетва.
Штетата на објектот беше предизвикана за време на празничниот викенд на 11 април, кога непознати сторители запалија контејнери во дворот на училиштето. Огнот тогаш брзо се прошири, зафаќајки дел од задната фасада и градежната дрвенарија. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица и полицијата, пожарот беше спречен да го зафати целиот објект.
Од управата на училиштето соопштија дека работите за санирање на објектот се во полн тек, испраќајќи порака дека одговорноста и грижата за јавниот имот мора да преовладаат над вандализмот.
„Фасадата на нашето училиште, која беше опожарена од вандалски чин, денес е во фаза на целосно обновување. Со ова испраќаме јасна порака дека грижата и одговорноста секогаш ќе бидат посилни од вандализмот. Упатуваме благодарност до сите што придонесоа во обновата. Да го чуваме нашето училиште — тоа е наша заедничка гордост и наш заеднички дом“, истакнаа од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“.
Случајот со палењето во април годинава беше пријавен во Министерството за внатрешни работи, а од училиштето најавија и дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста околу објектот за да се спречат слични инциденти во иднина.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025