Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Се обновува „Рајската градина“ на Могила во Прилеп

Објавено: 1 јули 2026, 13:52 ч.

Се обновува „Рајската градина“ на Могила во Прилеп

Омиленото катче на најмладите прилепчани, „Рајската градина“ за украсни птици сместена во Паркот на Револуцијата – Могила, наскоро ќе блесне во целосно нов сјај.

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа, започна со комплетна обнова и ревитализација на овој препознатлив простор за одмор и рекреација.

Како што информираат од комуналното претпријатие, на терен веќе се спроведуваат интензивни активности за уредување на просторот.

Што опфаќа обновата?

Генерално чистење и уредување: Извршено е целосно кастрење на дрвјата и темелно е исчистен целиот простор.

Обнова на урбаната опрема: Клупите и корпите за отпадоци се целосно обновени, со што се создава поуредна и попријатна атмосфера за посетителите.

Подобри услови за птиците: Кафезите комплетно се реновираат за да се обезбедат соодветни и подобри услови, а градината ќе биде збогатена и со нови видови украсни птици.

Враќање на сјајот по периодот на запоставеност

Од ЈКП „Комуналец“ потсетуваат дека овој простор во минатото предизвикуваше најголема радост кај децата, но по серијата немили настани, градината го изгуби својот сјај.

„По неколкуте кражби, угинувањето на украсните птици, како и намерното уништување од страна на несовесни граѓани, овој простор подолго време беше запоставен“, велат од претпријатието.

„Парк по парк, за чист и зелен Прилеп“

Оваа акција е дел од поширокиот план на локалните власти и комуналното претпријатие за уредување на сите јавни површини во градот. Надлежните најавуваат дека внимание ќе им биде посветено на сите паркови во Прилеп, со цел да се создадат поквалитетни услови за одмор, дружење и рекреација на граѓаните.

„Одиме парк по парк, за чист, убав и зелен Прилеп“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми