Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 23 јуни 2026, 14:13 ч.
Термоелектраната РЕК Битола минатата година емитирала повеќе од 7.094 тони ПМ честички, количина која е дозволена за целиот Западен Балкан, според извештајот „Усогласи или затвори“ на Банквоч.
Капацитетот, во 2025 година, го надминал и загадувањето со сулфур диоксид. Најголем загадувач на Балканот, според извештајот, е Угљевиќ во Босна и Херцеговина, иако има инсталирано постројка за десулфризација. Емисиите во 2025 од 115.079 тони се највисоки откако стандардите за контрола на загадувањето стапија на сила во 2018 година.
Покрај Угљевиќ, уште четири други постројки ги надминаа максимумите за сулфур диоксид во 2025 година, Гацко и Какањ 6, исто така од Босна и Херцеговина, и РЕК Битола во Македонија.
„Според осмото издание на извештајот „Усогласи или затвори“ објавен денес, систематските пропусти во спроведувањето на законите овозможија во 2025 година емисиите на сулфур диоксид (SO2) од застарените термоелектрани на јаглен во Западен Балкан да ги надминат дозволените ограничувања за 6,6 пати. Емисиите на азотни оксиди (NOx) исто така продолжија да ги надминуваат законските ограничувања, додека загадувањето со прашина се зголеми, достигнувајќи го највисокото ниво откако актуелните правила стапија на сила во 2018 година“, посочуваат од организацијата.
Загадувањето со прашина, регионално беше 2,9 пати над дозволеното, повторно највисоко откако правилата стапија на сила од 2018 година.
Ова е главно предизвикано од ТЕЦ
Битола која ги дуплираше емисиите споредено со 2024 година. На регионално ниво, емисиите на сулфур диоксид од 2018 година наваму се намалија само скромно, додека максимумите за дозволени емисии беа построги во 2025 година отколку во претходните години, што доведе до уште поголеми прекршувања.
Исто како и во 2024 година, емисиите на азотни оксиди од електраните во 2025 година беа 1,4 пати над дозволеното. Косово, Босна и Херцеговина и Србија повторно ги надминаа своите законски граници, а српската Никола Тесла Б беше наголем емитер со 11.247 тони.
„Во некои земји од Западен Балкан сега имаме комбинација од двете најлоши сценарија: пад
на производството на енергија од јаглен без јасен пат како да се надминат социо-економските
последици, комбинирано со високо и во некои случаи како Битола дополнително влошено загадување. Наместо засилено да се спроведуваат мерките за намалување на загадувањето од
еколошките дозволи, владите упорно ги игнорираат. Ова веќе е прашање на почитување на основните принципи на функционирање на едно демократско општество, како што е
еднаквост пред законот“, изјави Давор Пехчевски, координатор за енергија за Балканот во Банквоч.
Секретаријатот за Енергетската заедница има отворено повеќе случаи против државите со што
се потврдува нелегалната работа на термоелектричните централи. Сепак ниту една влада ги
нема казнето електраните, ниту пак има јасен, ажурен и реалистичен план за усогласување
и/или затворање. Во меѓувреме, механизмот за јаглеродно гранично прилагодување (CBAM) почна да се применува од јануари 2026 година, со што се зголемија трошоците за извоз на електрична енергија и дополнително ја отежни профитабилноста на електраните. Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија секако имаат пад на производство на енергија од јаглен во последните години, дури и без официјално затворање на електрани.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025