Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 24 јули 2026, 18:15 ч.
Среде лето, највисоките делови на Пелистер повторно се покриени со снег, приредувајќи вистинска природна атракција за посетителите и љубителите на планината.
Од Националниот парк „Пелистер“ информираат дека снежната покривка на врвовите е уште еден доказ за уникатноста и непредвидливоста на Баба Планина, која и во најтоплите месеци знае да покаже сосема поинакво лице.
„Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покаже дека мора да го почитуваме“, порачаа од Националниот парк.
Од установата упатија благодарност до вработените во пунктот на Националната радиодифузија на Врв Пелистер, кои редовно ги следат и известуваат за временските промени и природните појави на планината.
Фотографиите на Оливер Тарасовски ја прикажуваат ретката летна снежна глетка, која уште еднаш потврдува дека високите планини имаат свои правила и дека временските услови можат брзо да се променат, дури и во пикот на летото.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025