Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Научните наследници на Гризебах во посета на Пелистер - ги посетија насадите од молика и македонска ела

Објавено: 5 јули 2026, 16:23 ч.

Научните наследници на Гризебах во посета на Пелистер - ги посетија насадите од молика и македонска ела

Експерти од Хесен Форст - Државна шумарска служба од Хесен, Германија, Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген, Германија и Факултетот за шумарски науки Пејзажна архитектура и екоинженеринг - Ханс Ем“, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe на 05/07/2026 год, остварија посета на Националниот парк Пелистер.

Посетата е во рамките на иницирање соработка помеѓу овие институции и Националниот парк Пелистер за зачувување на шумските генетски ресурси, идентификација на соодветни семенски насади и одржливо снабдување со шумски репродуктивен материјал од молика, македонска ела, дабови и други дрвни видови од Северна Македонија до Германија.

Експертите од овие три институции ги посетија насадите од молика и македонска ела во Националниот парк Пелистер и заедно со претставниците од Националниот парк Пелистер разменија искуства за мерките за конзервација на шумските генетски ресурси, одгледувачките мерки и репродуктивниот материјал од овие дрвни видови во паркот.

Се очекува соработката со овие институции од Германија да се инензивира при што Националниот парк Пелистер ќе биде партнер во идните активности за конзервација на шумските генетски ресурси и примената на одгледувачките мерки и можност за остварување на посета на претставниците од паркот во заштитените подрачја во Хесен, Германија и размена на искуства.

На крајот треба да се истакне дека експертите од Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген, Германија доаѓаат од истата институција во која што претходно работел и германскиот ботаничар Аугуст Гризебах кој првпат ја открил моликата на Пелистер во 1839 година.

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми