Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 21 август 2026, 10:51 ч.
Апел за помош – исплашено куче скита низ центарот на Битола со тежок синџир и два катанци околу вратот
Битолчани се сведоци на уште еден случај на сурово постапување кон животните, откако во строгиот центар на градот беше забележано куче, најверојатно улично, со крупен синџир и два катанци цврсто врзани околу вратот.
Активистите и заштитниците на животни упатија итен апел до граѓаните за помош. Според нивните информации, кучето е исклучително исплашено, постојано се движи низ централното градско подрачје и од страв не дозволува никој да му пријде или да го допре.
Неколкумина граѓани веќе се обиделе да му го извадат тешкиот синџир, но без успех, бидејќи животното бега.
На социјалните мрежи беа објавени и фотографии од кучето со цел побрзо да се лоцира.
Како да помогнете:
Не го бркајте: Ако го забележите, не обидувајте се да го фатите со сила или со викање за дополнително да не се исплаши и да побегне.
Веднаш пријавете: Веднаш контактирајте ги локалните здруженија за заштита на животни или надлежните службеници.
Локација: Забележете ја точната локација и правецот во кој се движи кучето за да им помогнете на тимовите на терен брзо да го пронајдат и безбедно да му го отстранат синџирот.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025