Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 2 септември 2026, 00:09 ч.
Општина Новаци продолжува со мерки за поддршка на младите, со цел да им овозможи подобри услови за осамостојување, поголема мобилност и личен развој.
Преку оваа мерка, 27 млади лица на возраст до 26 години од Општина Новаци ќе добијат еднократна финансиска помош во износ од 10.000 денари за стекнување возачка дозвола од Б категорија.
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, истакна дека стекнувањето возачка дозвола претставува важен чекор за младите, бидејќи им овозможува подобрен пристап до образованието, работата и новите животни можности.
„Со оваа финансиска поддршка директно вложуваме во младите и во нивната иднина, создавајќи услови за поголема самостојност, независност и нивно активно учество во општеството. Општина Новаци инвестира во младите, затоа што тие се иднината на нашата општина“, порача градоначалникот Стевановски.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025