Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 15 јуни 2026, 10:18 ч.
Да зборуваме за семејното насилство - трибина во Битола отвора едно од најгорливите прашања во македонското општество
Со цел да се скрши молкот и да се подигне јавната свест за еден од најгорливите проблеми во општеството, во Битола ќе се одржи јавна трибина под наслов „Да зборуваме за семејното насилство“.
Настанот ќе се одржи во среда, на 17 јуни 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.
„Семејното насилство е тема за која мора да се зборува отворено, гласно и одговорно. Оваа трибина е посветена на препознавањето, превенцијата и поддршката на жртвите“, порачуваат организаторите, упатувајќи отворена покана до целата јавност.
Експертски анализи и исповед од прво лице
На трибината ќе говорат истакнати стручни лица кои секојдневно се борат со овој феномен на терен, но присутните ќе имаат можност да слушнат и вистинско, лично сведоштво:
Марија Томевска Петковска – правник од Женскиот центар за поддршка – Битола, која ќе се осврне на правните механизми и заштитата на жртвите.
м-р Елизабета Талеска – дипломиран педагог, системски и семеен советник (поранешен раководител и водител на случаи во Центарот за социјална работа – Битола), која ќе зборува за психолошкиот и социјалниот аспект на проблемот.
Храбро сведоштво – Долгогодишна жртва на семејно насилство ќе ја сподели својата лична приказна за борбата, преживувањето и патот кон надежта, со цел да ги охрабри сите оние кои се наоѓаат во слична ситуација.
Целта на овој настан е поттикнување информираност кај граѓаните за препознавање на сите форми на насилство, охрабрување на жртвите навремено да побараат стручна помош и заштита, како и нагласување на улогата на институциите и пошироката заедница во превенцијата и сузбивањето на семејното насилство.
Влезот за настанот е слободен за сите заинтересирани граѓани, претставници на медиумите и граѓанските организации. По завршувањето на излагањата, предвидена е дискусија на која присутните ќе можат да поставуваат прашања.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025