Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Наместо со рушењето на диви гаражи во центарот на Битола да се реши еден проблем, се создаде нов - граѓани реагираат на смет и непријатна миризба

Објавено: 3 септември 2026, 11:57 ч.

Наместо со рушењето на диви гаражи во центарот на Битола да се реши еден проблем, се создаде нов - граѓани реагираат на смет и непријатна миризба

Откако локалните власти започнаа со акцијата за отстранување на бесправно поставените гаражи во центарот на Битола, наместо уреден и чист простор, граѓаните на оваа локација се соочуваат со нов еколошки проблем.

Битолчани кои живеат во овој дел од градот, преку социјалните мрежи упатија јавен апел и го изразија своето револтот од состојбата во која веќе десет дена се наоѓа нивното соседство.

Според нив, по туркањето на гаражите, просторот зад зградите прераснал во дива депонија преполна со расфрлан отпад.

„Живеам во центарот на градот Битола, но веќе десет дена се чувствувам како да живеам среде депонија, каде што мора да ги затворам сите прозорци и балкони за некако да го занемарам ова ѓубре што искрено вознемирува и мириса“, реагира една станарка.

Таа додава дека, иако го поддржува редот и отстранувањето на нелегалните објекти, клучно е граѓаните и надлежните да покажат поголема одговорност за одржување на хигиената.

„Да, нека се тргаат гаражите, но луѓето најпрво треба да си чистат. Некои тоа го прават, но има и други кои вака оставаат отпад. Како ќе се реши ова? На местото каде што се турнаа нелегалните гаражи, сега имаме отпад наместо уреден простор“, истакнува таа.

Жителите бараат итна интервенција од надлежните општински служби и комуналните претпријатија за комплетно расчистување на теренот, како и трајно урбанистичко уредување на просторот за да се спречи понатамошно трупање отпад во срцето на градот.

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми