Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 29 септември 2026, 10:33 ч.
УЧЕЊЕ ПРЕКУ ПРАКТИКА: Учениците од СОЗУ „Кузман Шапкарев“ во посета на Коњичкиот клуб „Аполон“ во Битола
Со цел стекнување практични вештини и проширување на знаењата надвор од училишните клупи, учениците и дел од наставниот кадар од Средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола остварија едукативна посета на Коњичкиот клуб „Аполон“.
За време на посетата, средношколците имаа единствена можност одблизу да се запознаат со сите аспекти на коњарството, правилното одгледување, исхраната и секојдневната грижа за коњите. Ваквиот пристап кон практичната настава им овозможи на учениците да го поврзат теоретското знаење со реалниот сектор.
Од училиштето истакнуваат дека практичните посети се клучни за развојот на младите кадри во земјоделството и ветерината, бидејќи овозможуваат директно учење преку искуство, стекнување нови вештини и зацврстување на тимскиот дух и дружењето меѓу учениците.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025