Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 јули 2026, 18:15 ч.
Педесет и петгодишен жител на Битола се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од патнички автомобил на крстосница во градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата се случила на 29 јули околу 15:37 часот на крстосницата меѓу улиците „Филип Втори Македонски“, „Јане Сандански“ и булеварот „1 Мај“.Според полицијата, патничко возило „Киа“ со холандски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната У.М., државјанка на Украина со привремен престој во Битола, удрило во пешакот Д.В. (55) од Битола.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025