Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Локално

Најдобра чкембе чорба подготви тимот на мото клубот Конзули - Успешно заврши првиот Чкембе Фест во срцето на Битола

Објавено: 11 октомври 2026, 15:27 ч.

Најдобра чкембе чорба подготви тимот на мото клубот Конзули - Успешно заврши првиот Чкембе Фест во срцето на Битола

Битола три дена беше домаќин на нов и автентичен градски настан кој привлече голем број посетители, исполнувајќи ги улиците со позитивна енергија, добра традиционална музика и препознатливи деликатеси.

Првотото издание на фестивалот заврши денеска откако претходеше гала вечера и свечено доделување на наградите за најдобрите кулинарски мајстори. Со ова е заокружено првото издание на гастрономската манифестација „Чкембе Фест 2026“.

Прогласени најдобрите во повеќе натпреварувачки категории

Натпреварувачкиот дел од фестивалот донесе силна конкуренција меѓу домашните и меѓународните угостители и ентузијасти. Жирито ги прогласи најдобрите во следниве категории:

1. Најдобра чкембе чорба

1. место: Тим од мото клубот „Конзули“ – Битола (Сузана Јовановска, Даниела Талевска и Виолета Арминовска)

2. место: Тим на хотел „Молика“ (Тодорче Митев и Јован Талевски)

3. место: Тим на „Џони мезалок“ – Куманово (Ѕвонко Јоцевски и Хермина Манева)

2. Мезалоци од чкембе

1. место: Ресторан „Корзо“ – Прв тим (Дијана Петанчевска и Лаура Сефедин)

2. место: „Џони мезалок“ – Куманово (Ѕвонко Јоцевски и Хермина Манева)

3. место: Ресторан „Корзо“ – Втор тим (Татјана Тасевска и Златко Ацевски)

3. Специјалитети од чкембе

1. место: Златко Ацевски и Татјана Тасевска

2. место: Дијана Петанчевска и Лаура Сефедин (Ресторан „Корзо“ – Битола)

3. место: Исмаил Кавасоглу (Измир, Турција)

Гран при освои тимот на ресторан “Корзо“ од Битола.

Традиција со иднина

Организаторите изразија благодарност до сите посетители, кулинарски мајстори, музички изведувачи, спонзори и технички тимови кои придонесоа за беспрекорна организација и безбедност на фестивалот.

„Првото издание постави цврсти темели и докажа дека Битола знае да домаќинствува, да ја негува традицијата и да создава нови убави спомени. Ова е само почеток – се гледаме следната година!“, порачаа организаторите.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми