Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 22 септември 2026, 22:39 ч.
Europe House Bitola ги поканува сите љубители на науката, астрономијата и љубопитните истражувачи овој петок, на 25 септември, да бидат дел од одбележувањето на „Европската ноќ на истражувачите“ и одблизу да ги откријат тајните на ноќното небо.
Главниот фокус на овогодишниот настан е ставен на астрономијата и набљудувањето на вселената преку телескоп — еден од клучните алатки кои им овозможуваат на научниците да собираат податоци, да прават прецизни мерења, да ги фотографираат далечните галаксии и да откриваат нови светови.
Посетителите ќе имаат уникатна можност одблизу да се запознаат со начинот на кој функционира телескопот, да ги набљудуваат далечните небесни тела и да дознаат како астрономите го дешифрираат универзумот.
„Погледнете ги ѕвездите, истражете, поставете прашање, разбудете ја љубопитноста и дозволете ѝ на науката да ве одведе малку подалеку од секојдневието“, порачуваат од Europe House Bitola.
Настанот е отворен за сите генерации кои сакаат да ја разбудат својата љубопитност, да постават прашања и да уживаат во поинаква, научна перспектива на светот околу нас.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025