Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 септември 2026, 15:16 ч.
Средношколците од Прилеп деновиве ги претставија своите иновативни бизнис-идеи пред претставници на бизнис-секторот, професори и ментори на првиот настан за младинско претприемништво и бизнис-пичинг што се одржа во Прилеп.
На настанот, организиран во соработка со здружението „GenVibe“, учесниците имаа можност директно да ги презентираат своите замисли и да воспостават драгоцени контакти со искусни претприемачи кои можат да им помогнат во понатамошниот развој и реализација на нивните проекти.
Во рамки на настанот присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, како и претставници од Регионалната стопанска комора – Прилеп и локалната бизнис-заедница, кои преку свои насоки и искуства му дадоа поддршка на младиот кадар.
„Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп. Наша цел како локална самоуправа е да создадеме услови тие својата иднина да ја гледаат тука, да создаваат свои бизниси и да отвораат нови работни места, со што директно ќе го намалиме трендот на иселување“, истакна Проданоски.
Од Општина Прилеп изразија благодарност до сите соработници и организатори, порачувајќи дека и во иднина продолжуваат со поддршка на вакви иницијативи за поттикнување на претприемачкиот дух кај младите.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025