Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 26 септември 2026, 17:23 ч.
Во рамките на традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“, денеска во Ресен се одржа Базарот на храна и производи од јаболка, организиран од страна на учениците од основните и средното училиште, како и децата од локалната градинка.
Настанот, кој помина во знак на преспанската традиција, локалните вкусови и младешката креативност, го отвори детското блокче со настапот на најмалите од ЈОУДГ „11 Септември“ – Ресен. Програмата продолжи со музичко-забавни настапи на учениците од СОУ „Цар Самоил“ – Ресен.
Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, истакна дека Базарот уште еднаш потврди оти „Преспански јаболкобер“ ги обединува традицијата, младите и локалните производители.
„Овој базар уште еднаш покажа дека Преспанскиот јаболкобер не е само манифестација посветена на нашиот препознатлив преспански плод, туку и празник на нашата заедница, традиција, младите и локалните производители“, порача Тозиевски, упатувајќи благодарност до сите воспитувачи, наставници, ученици и посетители кои придонесоа за успешната реализација на настанот.
Фотографии: Општина Ресен
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025