Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 5 октомври 2026, 12:05 ч.
ЈКП „Водовод“ – Битола започнува теренска акција за проверка и ажурирање на податоците во повеќе населени места
Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Битола започнува организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за своите корисници, со цел подобрување на евиденцијата и осигурување на квалитетот на водоводните приклучоци и водомерите.
Во првата фаза од оваа акција, теренските екипи на претпријатието ќе работат во следните три региони: Долно Оризари, Буковски Ливади и во Старата Битолска Чаршија.
Од ЈКП „Водовод“ упатија апел до сите граѓани кои живеат или располагаат со објекти во овие подрачја да овозможат слободен и безбеден пристап на екипите до водомерите. Исто така, при посетата, доколку е потребно, корисниците ќе треба да бидат достапни за проверка и усогласување на нивните лични податоци во системот.
Проверките во следниот период етапно ќе се прошират и во сите останати делови од градот и околината, за што граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени.
Од претпријатието се заблагодаруваат за разбирањето и соработката, истакнувајќи дека оваа иницијатива е чекор напред кон посигурно и поефикасно водоснабдување за сите жители на Битола.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025