Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 27 август 2026, 15:14 ч.
Присуството на вирусот на западнонилска треска е потврдено и кај мртов гавран пронајден во Ресен. Ова е втор регистриран случај кај угината птица во земјава. Претходно вирусот беше потврден кај мртов гавран пронајден во централното подрачје на Скопје.
Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека наодот во Ресен е показател за локална циркулација на вирусот, имајќи предвид дека гавраните главно се стационарни птици и не спаѓаат во преселните видови.
„Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди мртвиот гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје, во паркот покрај општината. Гавранот е генерално стационарна птица, значи не е птица преселница, и пронаоѓањето на мртвиот гавран е показател на локална циркулација на вирусот на западнонилска треска“, изјави Клековски.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025