Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 10 јуни 2026, 10:01 ч.
Црвениот крст на РСМ - Општинска организација Битола, од 10.06.2026 започнува со нудење на услугата „Наменски транспорт“, транспорт од домот на корисникот до институција и обратно, наменет за стари лица, лица со попреченост, лица со тешкотии при самостојно движење или на кои им е потребен придружник поради здравствена состојба, во ситуации кои не се животозагрозувачки.
Услугата ќе биди спроведена преку стручно обучен кадар, кој успешно помина 4 обуки за самата услуга, вклучувајки и Обука за Прва Помош, практично ракување со транспортното возило, како и можни сценарија во домовите на корисниците.
Општинската организација на Црвен крст Битола, изразува голема благодарност до Christian Diemt претставник на Австриски Црвен крст, како и претставниците од Нега Центарот на Црвен крст на Град Скопје за споделените искуства, како и пренесените знаења за самата услуга.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025