Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Македонија

Зад бројките стојат луѓе: Како ДПД „Архангел“ го бранеше регионот од пожарите - 273 ангажмани во борба со огнените стихии во 2026 година

Објавено: 8 октомври 2026, 17:44 ч.

Зад бројките стојат луѓе: Како ДПД „Архангел“ го бранеше регионот од пожарите - 273 ангажмани во борба со огнените стихии во 2026 година

Иако календарски веќе сме длабоко навлезени во есента, за доброволците од Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ сезоната на пожари на отворен простор сè уште не е завршена. Од Друштвото објавија кратка, но предупредувачка ретроспектива за борбата што нивните екипи ја водеа против огнените стихии во текот на летото и раната есен оваа година.

Според нивната официјална евиденција, преку Тимот за брз одговор, припадниците на ДПД „Архангел“ беа мобилизирани вкупно 23 оперативни денови, остварувајќи 273 индивидуални ангажмани на некои од најкритичните точки во регионот – од Јакреново и Крушево, преку Лознани и Мариово, па сè до Националниот парк Пелистер, Селци и Сливица.

„Зад овие бројки не стои само статистика. Стојат денови и ноќи на терен, повеќедневни ангажмани, тешко пристапни планински предели, висока сува трева, деградирана дабова, букова и борова шума, карпест терен, силен ветер, густ чад и километри поминати пеш со тешка опрема на грб“, истакнуваат од ДПД „Архангел“.

Меѓу најпредизвикувачките теренски акции оваа сезона се издвојува интервенцијата во Мариово, која траеше дури седум последователни дена со секојдневен ангажман на 10 до 22 нивни припадници. Веднаш по неа следуваа повеќедневните битки со огнот на Пелистер, како и интензивните интервенции во септември во близина на селото Селци.

Апел до граѓаните и бизнис-секторот

Од пожарникарите-доброволци потсетуваат дека пожарите не се гаснат дури кога ќе се појави пламенот, туку борбата започнува многу порано – со одговорност и подготвеност.

Во своето обраќање, ДПД „Архангел“ упатува два клучни повици:

До сите граѓани: Да не се палат стрништа и отпад на отворено, да не се остава оган без надзор и веднаш да се пријави секоја забележана појава на чад или пламен. Една мала невнимателност може да предизвика катастрофа што бара деноноќен ангажман на десетици луѓе.

До компаниите и бизнис-секторот: Поддршката за доброволните противпожарни друштва е најпотребна пред да избие огнот. За ефикасно дејствување на терен, неопходна е континуирана помош за лична заштитна опрема, теренски возила, комуникациски средства, гориво, обуки и превентивни активности со младите.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми