Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 14 октомври 2026, 13:44 ч.
Техничкиот факултет во Битола, една од стожерните единици во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, одбележува значаен јубилеј – 65 години од своето основање.
Свечениот настан, проследен со богата уметничка програма, ќе се одржи во петок (16 октомври 2026 година) со почеток во 12:00 часот, во Амфитеатарот на Техничкиот факултет во Битола.
Реномирана високообразовна установа и мотор на индустрискиот развој
Со корени кои датираат од 1961 година, Техничкиот факултет – Битола веќе шест и пол децении претставува еден од главните столбови на високото образование, науката и инженерството во Македонија.
Факултетот е препознатлив по својот огромен придонес во образованието на стручен кадар. Низ децениите, овде се изградија илјадници дипломирани инженери, магистри и доктори на науки од областа на машинството, електротехниката, сообраќајот и транспортот, графичкото инженерство и индустриското менаџирање.
Оваа високо образовна установа има големо значење и за поддршката на индустријата и стопанството. Факултетот е клучен партнер на индустриските и енергетските капацитети во регионот и земјава, овозможувајќи стручен кадар, применувајќи истражувања и воведувајќи иновативни технолошки решенија.
Научно-истражувачката дејност има посебно место. Со современи лаборатории, учество во меѓународни и национални проекти и постојано вложување во модернизација, факултетот успешно ги следи современите европски и светски образовни трендови.
Оттука, овој значаен јубилеј ќе одбележи повеќедецениска традиција на градење иднина преку знаење и технологија.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025