Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 2 септември 2026, 11:52 ч.
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните за совесно и одговорно постапување со отпадот, откако беа забележани расфрлани јамболии и стара постелнина непосредно до контејнерите зад зградата „Македонија“.
Од претпријатието потсетуваат дека текстилниот отпад не треба да се остава на јавните површини или покрај стандардните контејнери за комунален отпад, туку треба правилно да се селектира и одложи.
Сите производи од текстил, вклучително и стари ткаени работи (со исклучок на душек-јоги), граѓаните можат бесплатно да ги одложат во Собирното место на ул. „Трајко Николоски“ бб (лоцирано пред гаражите на ЈКП „Комуналец“). Таму се поставени сини контејнери со препознатлива „ХИПО“ ознака и порака „Селектирај текстилен отпад“.
За најмладите да стекнат навики за примарна селекција уште од најрана возраст, во собирното место е поставен и атрактивен „ХИПО“ контејнер со необичен дизајн, кој им овозможува на децата на забавен начин да научат каде се одлага овој вид отпад.
„Секој отпад има свое место. Да го сочуваме нашиот град чист и уреден – ЧИСТО Е УБАВО!“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025