Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 19 август 2026, 10:34 ч.
Благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на прилепските противпожарни екипи, изминатата ноќ беа спасени куќи на кои им се закануваше огнот во селото Крушевица.
Иако огнот брзо напредуваше низ сувата трева и деградираната шума се до првите куќи, пожарникарите успеаја да ја совладаат стихијата на непрегледниот терен и да воспостават заштитна линија.
Возилата и екипите остануваат да дежураат на локацијата поради силниот ветар кој секој момент може повторно да го распламти огнот.
Додека ситуацијата во Крушевица делумно се смирува, пламенот зема замав во други делови од земјата.
Во Студеничани гори мешана шума на исклучително непристапен терен каде противпожарните возила тешко пробиваат, а во Македонски Брод пожарот веќе опфати ниска вегетација. Сите расположиви локални ресурси и граѓани се мобилизираат за справување со стихијата.
Од Центарот за управување со кризи посочуваат на високиот ризик поради неповолните временски услови и сувиот период, повикувајќи ги сите граѓани на максимална внимателност.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025