Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 4 октомври 2026, 16:49 ч.
Денешното сонце и топлата октомвриска недела беа повеќе од доволен повод за дел од битолчани и прилепчани да решат да поминат еден убав сончев ден во соседна Грција. Наместо вообичаеното неделно кафе на Широк Сокак или прилепскиот плоштад, дестинацијата овојпат беше соседна Грција – поточно познатите термални бањи во Лутраки (Пожар).
Сместено во подножјето на планината Ниџе (Ворас), ова место е вистинско природно чудо каде што густата букова и дабова шума се спојуваат со драматичниот кањон и брзата планинска река. Она што го прави Лутраки посебно е единствениот спој на контрасти – додека студената река пробива низ карпите, веднаш до неа извираат лековитите термални извори со температура на водата од околу 37 степени. Окружувањето со карпести гребени, природни водопади и зеленило создава неповторлив амбиент каде чистиот планински воздух веднаш го опушта организмот.
На само час и половина возење од Битола, и нешто малку повеќе од Прилеп, овој познат комплекс понуди совршна еднодневна варијанта за комплетно уживање во природа.
Како што може да се види и од фотографиите, голем број посетители избраа да се релаксираат на најголемот отворен базен во Лутраки. Голем број посетители, меѓу нив и македонски државјани, денеска уживаат во кристално чистата топла вода, додека околните тераси и лежалки под белите чадори се исполнети со луѓе кои го фаќаат секој зрак сонце. Смеата, доброто расположение и муабетите во вода се главно обележје и на денешниот ден.
По релаксирачкото капење и уживање во топлата термална вода, секако следи и задолжителниот ритуал – кафе и пијалак на терасите сместени во самиот кањон, покрај шумот на реката. Битолчани и прилепчани кои избраа вакво викенд патување уште еднаш покажаа дека умеат максимално да го искористат убавото време за брза еднодневна екскурзија и да ги наполнат батериите за работната недела што предстои.
Фотографии: Тони Степановски
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025