Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 23 мај 2026, 11:11 ч.
Фотографии: Дирекција за заштита и спасување
Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС) успешно спроведе контролирано уништување на неексплодирани убојни средства на воениот полигон Криволак, пронајдени на подрачјето на Битола, најголем дел на локацијата Тумбекафе.
Станува збор за 1.080 парчиња НУС, меѓу кои рачни бомби и минофрлачки гранати од 60mm од Првата светска војна, со вкупна тежина од околу 500 до 600 килограми.
По преземањето на сите безбедносни мерки согласно стандардните оперативни процедури, средствата беа безбедно транспортирани и уништени од пиротехничарите и дополнителен тим на ДЗС на полигонот Криволак.
ДЗС информира дека околу 10 минути по палењето на фитилот за експлозив, неексплодираните убојни средства целосно се уништуваат, со претходно стручно определени количества соодветен експлозив поставен од пиротехничарите.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025