Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 15 септември 2026, 13:31 ч.
Четири лица се лишени од слобода во Битола и Прилеп, откако полицијата кај нив во одделни случаи пронашла марихуана.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 14 септември во 23 часот, на улицата „Смилево“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Т. (21) од Ресен и А.А. (19) и А.Ј. (23), двајцата од Битола. При преглед кај С.Т. била пронајдена марихуана, додека во нивна близина биле пронајдени уште три пакувања со марихуана.
Истиот ден во 23 часот, на улицата „Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.Т. (21) од селото Сенокос, прилепско. При преглед кај него била пронајдена марихуана.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на двата настана ќе следуваат соодветни поднесоци.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025